Дуропацк ќе ја покрива загуба од добивката во следните години

41

Duropack

Акционерското друштво Дуропацк донесе одлука за покривање на загубата на компанијата за 2014 година.

“На крајот на 2014 година, компанијата оствари загуба од 24.073.000 денари. Од вкупниот износ на обврските кон добавувачите, 133.584.000 денари или 78% се кон поврзани страни, а од вкупниот износ на кредити, 240.421.000 денари или 99% се кон поврзаните страни“, се вели во одлуката на компанијата, објавена на Македонска берза.

Дуропацк одобри загубата да се покрива во зависност од остварената добивка во годините кои следат.

Еден од позначајните настани во работата на Дуропацк, кои имаа влијание врз финансискиот резултат остварен во 2014 година е исплатата на отпремнина во вкупен износ од 418.624 евра.