Во организација на Проектот за креирање овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации, финансиран од ЕУ, денеска во Скопје се организира конференција за филантропија.
Конференцијата е посветена на промоцијата на стратешкото донирање, а особено на соработка меѓу граѓанските организации и бизнисот.
На три сесии ќе бидат опфатени областите: соработка меѓу граѓанскиот и бизнис секторот за решавање општествени предизвици, законската рамка за донирање и прибирањето ресурси од бизнис секторот од страна на граѓанските организации.
Најавени се презентации на резултати од истражување на ставови, верувања и практики за прибирање ресурси и соработка помеѓу граѓанските организации и приватниот сектор и анализа на трошоците и придобивките од даночните поттикнувања во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.