Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени од деловни субјекти

17

Деловните субјекти, коишто се занимаваат со градежна дејност, во текот на 2014 година извршиле градежни работи во вредност од 24.909.016.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив, 8.672.866.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост. Во текот на 2014 година се градени вкупно 1.734 објекти, а завршени се вкупно 1.772 станови со вкупна површина од 122.332 метри квадратни, од коишто 1.446 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 69 метри квадратни.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Вардарскиот, во Пелагонискиот итн.