Благодарение на социјалните мрежи постојано сме во тек со сето она што им се случува нашите пријатели, без оглед каде и да се. News feed (новости), преку посебен алгоритам ги прикажува поголемиот дел од активностите на пријателите на корисникот.
Неодамна Facebook спроведе истражување меѓу корисниците како да ја подобрат содржината на News feed. Резултатите покажуваат дека иако на некој пријател не му се допаднала одредена активност, не оставил коментар и не го споделил со останатите, не значи дека таа содржина не би била забавна и интересна, пишува Facebook newsroom.
Од таа причина, Facebook наскоро ќе почне да мери колку време корисниците се задржуваат на одредени постови, фотографии и коментари, за да може да ги следат нивните интереси. Со користење на новиот алгоритам, на News feed наскоро ќе се појавуваат содржини на кои пријателите на оваа социјална мрежа поминуваат најмногу време.