Во Тренинг центарот Камник на 13-ти овој месец, три групи на идните вински советници (во рамки на обуката Вински советник) ги презентираа своите маркетинг планови пред стручно маркетинг жири. Се бираше најдобрата винска приказна, лого, дизајн на вински етикети, маркетинг план и слоган за три виртуелни винарии.
Оваа семинарска работилница е дел од пошироката комплексна обука за Вински советник, која трае два месеци, обука која се одржува од минатата година а низ која досега поминаа веќе две генерации кандидати.
Жирито го сочинуваа: Наташа Дукоска – извршен директор на маркетинг агенцијата Навигаторс, Јадранка Накова – маркетинг менаџер во Стоби, Трајко Џиков- копирајтер во маркетинг агенцијата Футура 2/2.
Жирито едногласно одлучи дека приказната на втората група има најмногу “сок” во однос на маркетинг настап на пазарот, а членовите на тимот беа наградени со ексклузивно пенливо вино Просеко Фантинел.
Инаку, обуката Вински советник е одобрена и верифицирана од страна на Министерството за образование и наука на РМ како дел од програмата Едукација за возрасни.