Претставници на 16 млади компании чии проекти беа избрани на првиот конкурс за кофинансирани грантови на старт ап и спин оф претпријатија и иновации распишан од Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги потпишаа договорите со Фондот за нивна реализација во вкупна вредност од 458.700 евра, пишува Миа.
Платформа за навигација и известување во затворени простории, микропроцесорко управување на печки на пелети, изработка на интелигентни лежечки полицајци, системи за домашна автоматизација се дел од 16 – те проекти кои се избрани на првиот повик на Фондот за кофинансирани грантови на старт ап и спин оф претпријатија и иновации.
Во втората половина од оваа година ќе биде објавен и втор повик за сите инструменти на Фондот со расположлив буџет во износ од милион и 680.000 евра.