Дел од добивката на ГТЦ за резерви остатокот за дивиденда

45

GTC 1

Акционерското друштво за издавање на деловен простор под закуп Градски Трговски Центар (ГТЦ) донесе одлука за распоредување на добивката и одлука за распределба на дивиденда и дивиденден календар.

Според одлуката за распоредување на добивката се врши соодветна распределба на нето добивката по оданочување по Годишна сметка за 2014 година. За законски резерви остануваат 107.904,50 денари, додека како нераспределна добивка остануваат 2.158.070,50 денари.

Нераспределената добивка на компанијата во износ од 2.050.166 денари, според одлуката, ќе се распредели за исплата на дивиденда.

“Исплатата на дивиденда ќе се изврши по пресметан и уплатен данок на дивиденда сразмерно на бројот на акции што ги поседуваат акционерите. Исплатата ќе се изврши во денари“, се вели во одлуката за распределба на дивиденда и дивиденден календар.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 08.07.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 09.07.2015, додека дата на стекнување на право на дивиденда е 13.07.2015 година.

Дивидендата ќе се исплати најдоцна до 30.09.2015 година.