ССК очекува откажување на нарачките од Грција

41

Сигурно ќе има откажување на нарачките поради актуелната ситуација во Грција, меѓутоа ниту Европската унија ниту Грција нема да дозволат да се случи нешто поголемо, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија, пишува Миа.

“Ќе има откажување на нарачките затоа што Грција е држава која е во т.н. технички банкрот меѓутоа како што гледаме сепак Европската унија продолжува со иницијативите, а Европската централна банка веќе дава пари за грчките банки. И челните луѓе на Европската унија веќе заседаваат и бараат решение така што сигурен сум дека ниту Грција, ниту Европската унија нема да дозволат нешто поголемо да се случи”, изјави заменик претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Сеад Кочан.