Hypo банка до 2022 година ќе вложи над две милијарди евра во регионот

18

hypo group

Банкарската група Hypo Alpe Adria ќе продолжи да работи и да инвестира во Србија и во регионот и тоа ќе биде поддржано со повеќе од две милијарди евра до 2022 година, изјави претседателот на Извршниот одбор, Урлих Кисинг, пишува Екапија.

Во фокусот на Hypo банка ќе биде проширување на работата со население, со мали и средни претпријатија,  како и во области во коишто има потенцијал за раст.

“Средствата во износ од над две милијарди евра за ликвидност и капитал ќе овозможат работата да се развива“, изјави Кисинг, додавајќи дека и банките со текот на времето ќе мораат да развиваат сопствена база со финансирање.

Hypo група има околу 1,2 милијарди корисници и 250 филијали во пет земји од регионот.