Акционерското друштво РЖ Услуги првото полугодие од оваа година го заокружи со загуба од 3.094.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Првото полугодие од 2014 година, компанијата го заврши со загуба од 4.063.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, за шест месеци, изнесуваат 60.727.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 86.285.000 денари.