Фруктал Мак со добивка од три милиони денари го заокружи првото полугодие

43

fruktal

Акционерското друштво Фруктал Мак во период од 01.01. до 30.06. евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 3.068.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 1.770.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, во првите шест месеци од оваа година, изнесуваат 156.900.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 83.826.000 денари, додека остатокот од 73.074.000 денари отпаѓа на странски пазари.