Компанијата Благој Ѓорев од Велес во првото полугодие од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 11.886.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во вредност од 538.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на Благој Ѓорев се 290.307.000 денари од кои на домашен пазар се остварени 257.471.000 денари, додека остатокот од 32.836.000 денари е реализиран на странски пазари.
Вкупните приходи во истиот период лани беа на ниво од 283.801.000 денари.