Јаворовиот лист на канадските банкноти всушност е норвешки?!

79

The new Canadian 20 dollar bill made of polymer is displayed at the Bank of Canada in OttawaЈаворовиот лист испечатен на банкнотата од 20 канадски долари е од норвешки јавор, предупредуваат ботаничарите.

Канадскиот јаворов лист е национален симбол и се појавува на знамето, владиното лого и безброј други брендови.

Како што вели професорот Џулијан Стар од Универзитетот во Отава, норвешкиот јавор е автохтон европски јавор со пет издвоени делови и поостри рабови, додека канадскиот шеќерен јаворов лист има само три дела и е помазен.

Централната банка на Канада ги отфли обвинувањата и тврди дека листот не е од норвешки јавор, туку дека е “стилизиран канадски јаворов лист” и не претставува никако посебен вид на дрво, туку е комбинација на видови.

“Не е норвешки јаворов лист. Тоа е стилизиран јаворов лист и тоа е што треба да биде”, изјави портпаролот на централната банка, Џули Жерард.

Новите банкноти од 20 канадски долари се пуштени во ноември.