Најголемиот руски оператор во мобилната телефонија МТС е заинтересиран за можно учество во приватизацијата на Телеком Србија, изјавил извршниот директор Андреј Дубовсков за агенцијата Тасс, пренесува Танјуг.
“Што се однесува до Телеком Србија, преземањето на оваа компанија би можело да ни биде интересно, но мораме во детали да видиме дали тоа би било профитабилно за нас, а секако, нашиот интерес зависи и од износот што би го потрошиле на тоа”, изјавил Дубовсков.
Виенски Пресе, пак, наведува дека Телеком Австрија и Америка Мовил не се меѓу осумте кандидати што предале понуди за мнозински удел во српскиот телеком, а како причина за тоа ја наведува превисоката цена и малата профитабилност, пренесува Танјуг.
На тендерот распишан во 2011 година се пријави само една компанија, Телеком Австрија, но не се согласи на цената од 1,4 милијарди евра што српската влада ја постави како минимална. Телеком Австрија беше подготвен да плати најмногу 1,1 милијарда евра за 51%, понуда што владата не ја прифати.