Благој Ѓорев со добивка од 11,8 милиони денари го заокружи првото полугодие

34

blagoj gorev 123

Компанијата Благој Ѓорев од Велес прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 11.886.000 денари, покажува полугодишниот неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2014 година, добивката на компанијата изнесуваше 538.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од 01.01. до 30.06. оваа година се на ниво од 290.307.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 257.471.000 денари, додека 32.836.000 денари се остварени на странски пазари.