Добивка од над 113 милиони денари за Прилепска Пиварница

33

prilepska pivarnica

Прилепска Пиварница прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 113.936.000 денари во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Прилепска Пиварница во првото полугодие од минатата година прикажа добивка од 46.918.000 денари.

Вкупни приходи од продажба се во висина од 703.183.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 691.633.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 11.500.000 денари.