Француската нафтена компанија Total ќе продаде дел од малопродажната мрежа за дистрибуција на горива во Турција на конгломератот Demirören за 325 милиони евра, пишува Today’s Zaman.
Total, којашто е втора нафтена компанија по големина во Европа, соопшти дека ги анализи своите позиции во Турција и смета дека не е во можност да опфати поголем удел на тамошниот пазар за да може да биде профитабилна.
Француската нафтена компанија претходно го претстави планот за намалување на инвестиции и бројот на работни места, откако цените на горивата забележаа тренд на намалување.