Компанијата ХП денес објави дека агенцијата за истражување на пазар ИДЦ изјави дека, ХП за прв пат на американскиот пазар, има најголем пазарен удел во категоријата на работни станици и дека во текот на второто тромесечје оваа година во истата категорија ја забележа водечката позиција на светскиот пазар.
Во текот на претходните тромесечја пазарниот удел на ХП значајно порасна, како и достигнувањето на уделот од 47,6% во сегментот на работните станици во САД. ХП и понатаму останува светски предводник во категоријата на мобилните работни станици со пазарен удел од 41,8%, а водечки е и во мешаната категорија на работни станици, со удел од 46,2%, стои во извештајот на IDC Worldwide Workstation Tracker од 8-ми август оваа година, за овогодинешното второ тромесечје.
Уделите во регионот на ЕМЕА ( Европа, Среден Исток и Африка) исто така се поголеми од оние во САД и во светот: 49,4% изнесуваат уделите во мешаната т.е. 50,3% во категоријата на мобилните работни станици.
„Во овие тешки економски услови корисниците очекуваат решенија кои ќе им помогнат во зголемувањето на продуктивноста т.е. враќање на вложеното,“ истакна Џим Зафарана, потпредседател и генерален директор на работните единици на ХП Commercial Solutions Business Unit. „Работните станици З на ХП се користат во светот за дизајнирање на различни производи, од спортски обувки до филмски проекти, затоа што им овозможуваат на корисниците перформанси, квалитет и вредност потребни за создавање на следните големи работи во индустријата.“
Работните станици на ХП ја задоволуваат потребата на некои од најбараните индустрии како работа со компјутери, вклучувајќи ја анимацијата, филмската и видео монтажа, графички дизајн, компјутерски дизајн, архитектура, фотографија, ХД видео продукција, производство, финансии, здравство, научна фотографија како и нафтено и плинско истражување.