Јавното претпријатие Пошти на Република Српска ја разгледува идејата говорниците што се самостојни, затворени и со квалитетна конструкција, да се искористат за друга намена, пишува еКапија.
“Размислуваме говорниците да се искористат како депоа за достава на пратки, банкомати или Wi Fi пристапни точки. На тој начин ќе се исплати нивната намена“, вели Жељка Кољанчиќ, портпарол на Пошта на Република Српска, една од компаниите задолжени за говорниците на територија на Република Српска.
Таа додаде дека трендот на намалено користење на телефонските говорници е присутен во целиот свет и засега не постои пример овој тренд да се промени, па ниту во земјите во кои има долгогодишна традиција на нивно користење.