Siemens го сели производството во Србија?

42

Press Pictures: Copyright

Компанијата Siemens ќе продолжи да го зголемува бројот на вработени во фабриката за ветрогенератори во Суботица и ја разгледува можност за преселување на капацитетите од другите земји во Србија, најави генералниот директор за Србија, Уго Ајхлингер, пишува РТС.

“Фабриката на Siemens во Суботица е добар пример што може да направиме и таму ќе продолжи растот и отворањето на нови работни места. На почетокот на следната година, би требало да објавиме добри вести“, изјави Ајхлингер.

Тој истакна дека погонот во Суботица е петти по големина за производство на големи генератори за ветерници во корпорацијата Siemens, а целта да биде на прво место.

Германски Siemens фабриката во Србија ја смести во групата на најважни и најзначајни во својот производен систем и досега има извезено скоро 18.000 ветерници.