Миодраг Костиќ го купи хотелот Kempinski Palace во Порторож

73

kempinski portoroz

Компанијата Istrabenz Turizem и Agri Holding AG (членка на MK Group) потпишаа договор за продажба на 100% удел во компанијата Istrabenz Portoroz. Се очекува сите работи околу купопродажбата да се завршат до крајот на ноември, со што претседателот на MK Group, Миодраг Костиќ, ќе биде побогат за хотелот Kempinski Palace, пишува Екапија.

Хотелот Kempinski Palace е еден од најлуксузните хотели во Порторож и во регионот. Има пет ѕвезди и располага со 164 соби и 17 апартмани. Покрај тоа, во хотелот има и спа центар, ресторани и конференциски сали.

“На пазарот во Србија сме веќе препознатливи како лидери во областа на хотелиерството, а големо задоволство ми е што ќе бидеме присутни и на словенечкото крајбрежје. Купувањето на престижниот хотел Kempinski во Словенија во целост е усогласено со нашите стратешки цели да се позиционираме како водечка компанија од областа на туризмот во регионот“, изјави Костиќ.