Вино Скоп по деветти пат во Скопје од 30-ти септември до четврти октомври

22

На деветтото издадени на Македонскиот вински фестивал – Вино Скоп 2015 ќе учествуваат над 20 вински брендови од земјава.

Фестивалот ќе се одржи на паркингот кај Аквапаркот во Спортскиот центар Борис Трајковски од 30-ти септември до четврти октомври.

На настанот, винариите по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и македонски деликатеси кои одат со чаша вино.

Во забавниот дел ќе настапат Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус…

Фестивалот е во организација на винаријата Темов со поддршка од Град Скопје.