Работилница за енергетска ефикасност

46

87657346Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе се обрати на отворањето на работилница за енергетска ефикасност во јавни згради – градинки и училишта.

Оваа работилница е во рамки на ГЕФ-проектот за одржлива енергија што го спроведува Министерството за економија во соработка со Светска банка.

“На работилницата ќе се дискутира и за придобивките и практичните аспекти на проектите за енергетска ефикасност, како и за перспективите и модалитетите за идните активности во оваа област”, информираат од Министерството за економија.