ССК: Бизнис заедницата здружена пред предизвиците

36

Во свечена атмосфера и одлично расположение македонската бизнис елита, претставници на дипломатскиот кор,  претставници од владата, академици, професори, градоначалници, новинари, присуствуваа на традиционалната свечената прослава на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), се вели во соопштението.

“ССК е препознатлива по големиот број реализирани иницијативи, соработка со сите владини и невладини институции, академската заедница, странските и дипломатски претставништва  во земјава, како и со над илјада национални, регионални и интернационални институции и организации. На тоа сме особено горди бидејќи бизнис заедницата има пристап до широка мрежа на деловни партнери и соработници, што е клучно за развој на бизнисот. Верувам дека и во иднина сите заедно ќе работиме во насока на креирање што подобри услови за поволно деловно опкружување. Во периодот што следи со засилена енергија, здружено ќе продолжиме во градењето на просперитетно економско општество и надминување на предизвиците со кои се соочува бизнис секторот.“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

На прославата присуствуваа над 600 гости од сите сфери, на економскиот, политичкиот, културниот, научниот живот, со што се потврди успехот за досегашното работење на сојузот.

Сојузот на стопански комори на Македонија постави стандард за соработка со сите релевантни економски фактори во земјава и пошироко во насока на  подобрување на деловниот амбиент, со што ССК денес претставува најсилен глас на бизнис секторот.