Акционерското друштво РЖ Услуги проектира да оствари загуба од редовно работење пред оданочување во висина од 6.519.000 денари, стои во Финансискиот план за 2015 година.
Компанијата проектира дека оваа година ќе ја заокружи со приходи од продажба на домашен пазар во вредност од 138.150.000 денари, додека трошоците од продадени стоки и услуги да се позиционираат на 20.000.000 денари.
При правењето на Финансискиот план биле користени минатогодишните резултати во делот на реализирани услуги од страна на компанијата и примени услуги од добавувачи, каде постојат договори со рокови и цени. Во предвид биле земени и показателите од првото тримесечје од 2015 година, како и преземените мерки во делот на намалување на расходите и нивно планирање до крајот на 2015 година.