Германска Маркарт ја отвора новата фабрика во Велес

156

Германската компанија Маркарт денеска во индустриската зона Каласлари кај Велес ја отвора новоизградената фабрика, пишува Миа.

Инвестицијата се проценува на околу 35 милиони евра, а со отворањето на фабриката се очекува да се вработат околу 600 лица. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови за врвни германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ.

Во март минатата година, германската компанија донесе одлука за инвестирање во Македонија, а првиот контакт меѓу германскиот инвеститор и претставниците на македонската Влада беше воспоставен во 2008 година.

Маркарт е основана 1925 година. Досега има отворено фабрики во повеќе земји низ светот, а годишниот обрт на компанијата и околу 700 милиони евра.