Британската модна куќа Marks&Spencer, по осум години се повлекува од хрватскиот пазар. Сите пет продавници ќе се затворат во јануари 2016 година, а главна причина за тоа е комерцијалната неисплатливост, пишува Лидерпрес.
Британскиот бренд веќе пет години работи со загуба во оваа земја. Marks&Spencer на хрватскиот пазар влезе во 2007 година преку грчкиот застапник, фирмата Marinopoulus, која освен овој бренд, ги донесе и американскиот Gap и францускиот козметички ланец Sephora, две франшизи кои веќе ги затворија вратите во Хрватска.