Claxi, првата македонска апликација за повикување такси, ве води на Web Summit 2015

logo

Градот Даблин повторно станува центар на иновативниот дигитален свет. Најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот Web Summit, од 3 до 5 ноември 2015, по шести пат ќе се одржи во Даблин, Ирска, а Claxi – првата македонска апликација за повикување на такси гордо ќе ја претстави својата апликација помеѓу миксот од менаџери, основачи, инвеститори, старт – ап компании и индивидуалци од различни индустрии, особено ориентирани кон технологијата.

На најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот – Web Summit, ќе се претстави и Claxi, со цел да го претстави концептот на работа, а истовремено да ги отвори вратите за потенцијални партнерства и инвестиции на странскиот пазар. Во моментов тимот на Claxi работи на бета (тест) верзијата на оваа апликација за iOS.

Тимот на Claxi оваа година реши да ги изненади своите корисници, подарувајќи  бесплатни влезници на оние кои сакаат да бидат дел од Web Summit 2015. Заинтерсираните кои сакаат да станат добитник на влезница, потребно е да го контактираат тимот на Claxi на support@claxi.net.

На овогодинешната конференција Web Summit се очекуваат повеќе од 30.000 посетители, 21 конференција и 1.000 говорници од целиот свет. Меѓу говорниците, најзвучни имиња оваа година се Мајк Кригер, ко-основач на Instagram, Стјуарт Батерфилд, ко-основач и извршен директор на Slack; Ден Браун, автор; Пеги Џонсон – задолжен за развој на Microsoft; Едвин ван дер Сар, генерален маркетинг менаџер, Ajax; како и многу други светски имиња. Цената на билетите започнува од 1.245 евра и истите им овозможуваат на посетителите пристап до сите сцени на конференцијата.