По Хрватска, Marks&Spencer се повлекува и од Бугарија

62

ms

Британската модна трговска куќа Marks&Spencer ќе ги затвора продавниците во Бугарија. Претходно хрватските медиуми пишуваа дека овој трговски ланец се повлекува од Хрватска, а според софиски Капитал, компанијата заминува и од Црна Гора, Србија и Словенија. Процесот на повлекување ќе започне во јануари следната година. Во Бугарија до мај 2016 година ќе бидат затворени три продавници.

Официјално, ланцот ги затвора малите продавници на Балканот за да се фокусира на другите успешни бизниси во Источна Европа.

Marks&Spencer првата продавница во Бугарија ја отвори во 2006 година.