БиХ: Потпишан договор за изградба на туристички град вреден милијарда евра

106

buroj ozon

Извршниот директор на компанијата Bujor Property Development, Исмаил Ахмет бин Султан, началникот на општината Трново, Ибро Берило и премиерот на кантонот Сараево, Елмедин Конаковиќ, го потпишаа финалниот договор за изградба на туристичкиот град Buroj Ozon, пишува Фокус.ба.

Почетната вредност на овој инвестиционен проект се проценува на околу една милијарда евра.

“Овој проект е проект на мојот живот. Во Босна и Херцеговина не дојдовме само да инвестираме и да заработиме, туку партнерски да учествуваме со настојување ова партнерство да потрае“, изјави Исмаил Ахмед.

Првиот Интегриран туристички град Buroj Ozon ќе биде изграден на вкупна површина од околу 137 хектари. Со проектот е предвидена изградба на комплекс на вили, апартмани, трговски центри и спортски терени, коишто ќе бидат понудени на продажба или наем, а ќе почнат да се градат од 2016 година.