Собранието на акционери на друштвото за производство на хартија и амбалажа Дуропацк донесе одлука за промена на називот на компанијата, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
“Се менува називот на Друштвото и новиот назив ќе биде Друштво за производство на хартија и амбалажа ДС Смитх АД Скопје“, се вели во соопштението.
Одлуката, како што се наведува, стапува во сила со денот на донесувањето.