Компанијата Интерпромет од Тетово во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.587.000 денари, стои во неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првите девет месеци од минатата година Интерпромет од Тетово прикажа добивка од 391.000 денари.
Вкупните приходи од продажба изнесуваат 5.397.000 денари, додека во истиот период лани достигнаа 4.614.000 денари.