Компанијата Факом во период од јануари – септември оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.399.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 26.901.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период достигнаа 963.402.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 370.268.000 денари, додека поголемиот дел од 593.134.000 денари е реализиран на странски пазари.