Унгарски MOL презема 17 бензински пумпи на Eni во Словенија

69

mol

Унгарската нафтена компанија MOL презеде 17 бензински пумпи на италијанската компанија Eni во Словенија кои во оваа земја работат под брендот Agip.

Со тоа MOL ја зацрвстува својата позиција меѓу трите најсилни трговци со нафтени деривати во Словенија.

Трансакцијата ќе биде затворена кога ќе ги добијат потребните дозволи од регулаторите.

“Пред 18 месеци најавивме дека ќе купиме околу 450 бензински пумпи во Чешка, Унгарија, Романија, Словачка и Словенија. Како резултат на тоа успеваме значително да го зголемиме пазарниот удел и да обезбедиме понатамошно зголемување на вкупната маржа во активностите врзани со преработка и продажба”, вели Ференц Хорват, потпретседател на компанијата за преработка, пишува Seebiz.