Пораст на индикаторот на доверба во градежништвото во третото тримесечје

35

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,8 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи и очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголемат во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2014 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолнa во споредба со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2015 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 20,3%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 20%, недостигот на обучен кадар со 14,6% и зголемените трошоци за труд со 14,3%.