Прва конференција за нови безжични технологии Next generation wireless во организација на Сеавус и SEDC

44

Next-generation-Wireless-fb-cover

Сеавус и Сеавус едукативниот и развоен центар (SEDC) ја организираат својата прва конференција за нови безжични технологии Next generation wireless, која ќе се одржи на 5 декември 2015 г. со почеток од 10:00 часот во просториите на Сеавус Инкубаторот во Скопје.

На конференцијата ќе бидат претставени најнови сознанија и истражувања на ова поле, опфаќајќи теми од Wi-Fi на 60GHz до ултра брза комуникациска 5G технологија, како и практики од индустријата. Предавачи на конференцијата Next generation wireless се врвни македонски и интернационални експерти кои ќе презентираат на следните теми: Вмрежено општество – 5G и пошироко – Игор Тасевски, директор и раководител на хардверски дизајн во Лунд – Ериксон, Деловна единица за радио; 5G: концепти и решенија – проф. д-р Лилјана Гавриловска, Раководител на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, УКИМ; Потенцијали, предизвици и врвни решенија кај комуникации на 60GHz – доцент д-р Никола Рендевски од Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола; Сигурносни аспекти на 5G мрежи – проф. д-р Александар Ристески од Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, УКИМ; Оптималнa имплементација на широкопојасната безжична технологија во сооднос со трендовите за сообраќај во мрежата на Македонски Телеком – Лазар Динов, директор за развој на мрежи и сервисни платформи, и Горан Јорданоски, раководител за планирање и имплементација на пристапни мрежи во Македонски Телеком АД Скопје.

Влезот на конференцијата е бесплатен, но потребна е резервација на следната веб страна: http://career.seavus.com. Конференцијата ќе се одвива на англиски јазик.