Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, се пониски за 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2015 година, во споредба со второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5%, трошоците за материјали се пониски за 1,3%, а трошоците за вработените се повисоки за 1,5%.
Во третото тримесечје од 2015 година, во споредба со третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2,4%, трошоците за материјали се пониски за 4,3%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,8%.