А1 Македонија со супер понуда за своите онлајн корисници

8

А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата атрактивна промоција за сите свои корисници кои ќе направат онлајн нарачка на тарифниот модел A1 Neon+.

Новите корисници на онлајн тарифниот модел A1 Neon+ и А1 Neon+ SIM добиваат промотивно 50GB национален интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, а дополнително А1 Neon+ корисниците кои ќе склучат договор на 24 месеци, добиваат и 10% попуст на месечната претплата.

Во комбинација со А1 Neon+ тарифниот модел, корисниците можат да изберат и еден од одличните смарт телефони, како дел од новата пролетна онлајн понуда, со можност за плаќање на рати и тоа, iPhone 11 64GB за 1339 ден./месечно, Huawei P40 lite за 259 ден./месечно, Honor 9X за 109 ден./месечно, Samsung Galaxy A02s зa 89 ден./месечно, Samsung Galaxy A12 за 159 ден./месечно, како и моделите Samsung Galaxy A52 за 629 ден./месечно и Samsung Galaxy A72 за 799 ден./месечно достапни на рати ексклузивно преку онлајн каналите за продажба.

Понудата на телефони важи за нови и постојни корисници на постпејд мобилни услуги, со склучување на нов или обнова на договорот на 24 месеци, само со испраќање на електронска нарачка или нарачка преку A1 Live Shop.

Дополнително на овие промотивни придобивки, корисниците на А1 Neon+ добиваат и можност за 12 месеци бесплатно слушање на омилената музика преку услугата A1 Xplore Music на музичката стриминг платформа – Deezer, без да трошат од месечниот интернет вклучен во тарифата.

Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди и услуги кои ги пресретнуваат комуникациските потреби на корисниците и тоа преку дигиталните канали, за врвно корисничко искуство.

Повеќе информации за понудата се достапни тука.