Абу Даби бара волонтери за испитување на руската вакцина

20

Абу Даби бара волонтери кои ќе учествуваат во третата фаза од клиничките испитувања на вакцината Sputnik V, руска вакцина против коронавирусот, во престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

Две дози од вакцината ќе добијат 500 волонтери. Емиратите, исто така, спроведуваат трета фаза од клиничките испитувања на кинеската вакцина против Ковид-19, што ги разви кинеската фармацевтска компанија Sinopharm.

Во Обединетите Арапски Емирати, каде има околу девет милиони жители, имаат 177.577 случаи на заразени со коронавирусот и 594 смртни случаи.

Фото: Freepik