АД за земјоделско производство ГД Тиквеш со добивка од над 69 милиони денари во 2013

22

Акционерското друштво за земјоделско производство ГД Тиквеш од Кавадарци минатата година ја заврши со нето добивка во висина од 69.160.421 денари, стои во одлуката за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и извештајот за работа, објавена на Македонска берза.

Во текот на минатата година, ГД Тиквеш оствари вкупни приходи во висина од 253.627.852 денари, додека расходите биле на ниво од 184.372.279 денари.

Компанијата донесе одлука добивката во висина од 69.160.421 денари да ја подели на два дела, и тоа 5% или 3.458.021 денари како законски резерви, а остатокот од 95% или 65.702.400 денари да биде пренесена како акумулативна добивка што ќе се користи за инвестиции.