Adidas до март ќе го продаде Reebok

95

Германскиот спортски бренд, Adidas најавува дека во следните неколку месеци ќе го продава Reebok, пренесува Manager Magazin.

Извршниот директор на Adidas, Каспер Рорстед планира да ја заокружи продажбата на брендот до март следната година.

За Reebok интерес покажале американскиот производител на облека, VF Corp и кинеска Anta Sport.

Акциите на Adidas се зголемија за 3,5% откако беше најавена продажбата на Reebok.

Инаку, Adidas го купи Reebok во 2005-та година за 3,8 милијарди долари, со цел на домашен терен да го “нападне“ американскиот ривал Nike. Но, минатата година Adidas ја отпиша сметководствената вредност на Reebok за скоро половина во однос на 2018-та година, на 842 милиони евра. Продажбата на Reebok е намалена за 44% во вториот квартал од оваа година, на 228 милиони евра.

Фото: Pixabay