Adidas претстави дрес на Манчестер Јунајтед направен од пластика

55

Фото: Adidas

Adidas и Parley Ocean Plastic заеднички креираа дрес на Манчестер Јунајтед од рециклирана океанска пластика. Како инспирација за ова послужи дресот што тимот го носеше кога го освои Европскиот куп во 1968 година, а целта е одбележување на 50-годишнината од настанот.

Директорот на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд, во изјавата рече:

“Сите сме свесни за заканата од пластика за животната средина и среќни што можеме да ја подигнеме понатамошната свест со овој рециклиран комплет, за кој сум сигурен дека обожавателите ќе го сакаат“, пренесува Adidas Parley.

На овој начин од компаниите го потенцираат проблемот со пластиката во океаните и ги поттикнуваат и инспирираат навивачите на фудбалот да се придружат во создавањето на подобра животна средина за сите . Играчите за првпат ќе ги облечат дресовите за време на летната турнеја на Манчестер Јунајтед во САД.

Ова не е прв пат Adidas и Parley Ocean Plastic да соработуваат; тие исто така имаат креирано патики и облека направена од пластика извлечена од океаните. Облеката е достапна за купување на веб-страницата на Adidas.