Adidas за три месеци има скоро пола милијарда евра добивка

14

Спортскиот бренд Adidas во првиот квартал од оваа година прикажа добивка од над 500 милиони евра, што е огромен раст во однос на истиот период лани кога заработката беше само 26 милиони евра.

Продажбата во истиот период забележа пораст од 27%. Особено е зголемена продажбата во Кина, каде што растот достигна 156% и покрај фактот што земјата најави бојкот на западните брендови.

Во исто време Adidas ги потврди намерите за продажба на Reebok, што треба да биде финализирана до крајот на годината.

Фото: Pexels