Adidas забележа пад на приходите и профитот

51

Германскиот гигант за спортска облека Adidas објави дека во 2020 година забележа пад на приходите и профитот поради пандемијата на коронавирусот, а како светла точка тие го издвоија скокот на продажбата преку Интернет.

Приходите на Adidas минатата година паднаа за 16%, на 19,8 милијарди евра. Оперативната добивка потона за 78% на 429 милиони евра.

Во текот на целата измината година, обележана со пандемија на коронавирус, имаше силно зголемување на приходите од продажба преку Интернет за 53 %.

Продажбата преку Интернет сега претставува петтина од вкупниот приход на Adidas, соопштија од компанијата. Оваа година, Adidas очекува раст на вкупниот приход од 15 до 19%.

Фото: Pixabay