Адинг лани работеше со добивка од 16,5 милиони денари

51

ading

Компанијата за производство и пласман на хемиски материјали за градежништво, Адинг заклучно со 31-ви декември 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 16.548.000 денари, стои во билансот на успех.

Една година претходното, добивката на компанијата беше на ниво од 15.313.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември лани, изнесуваа 366.234.000 денари. На домашен пазар се реализирани 237.935.000 денари, додека на пазари во странство 128.299.000 денари.