Адинг прокнижи нето добивка од 3,8 милиони денари

24

ading

Компанијата Адинг во период од 01.01. до 30.06. оваа година реализираше нето добивка во вредност од 3.801.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Минатата година, во истиот период, нето добивката на компанијата изнесуваше 2.908.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, за првото полугодие, се 117.273.000 денари, додека во истиот период лани беа 106.348.000 денари. Од вкупниот износ на домашен пазар отпаѓаат 71.396.000 денари, додека на странски пазар се реализирани 45.877.000 денари.