Адинг со добивка од 1.359.000 денари го заврши првиот квартал

16

ading

Нето добивка по оданочување во висина од 1.359.000 денари забележа компанијата Адинг во првиот квартал од оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Од 01.01 до 31.03. 2014, Адинг евидентираше 58.753.000 денари вкупни приходи од продажба, од кои 40.801.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека на странски отпаѓаат 17.952.000 денари.