Адора подарува комплетно опремена кујна по повод Саемот за недвижности

243

Сите купувачи на дом во новиот урбан симбол на Скопје, атрактивниот комплекс Адора Flatiron, од денес до 31 октомври, по повод Саемот за градежништво и недвижности Realexpo 2018, од Адора инженеринг ќе добијат вреден и корисен подарок, комплетно опремена, модерна кујна и целосно решение за внатрешното уредување на станот од архитект во компанијата.

Купувачите на дом во Адора Flatiron, со уплатено учество од 15 % и склучен преддоговор за купување на станот, ќе добијат кујна, дизајнирана по нивна желба, со избор на боја и материјал, со сите квалитетни, бренд апарати за опремување со бела техника.

Дополнителен саемски подарок од Адора инженеринг годинава е комплетно изготвено 3Д решение за внатрешното уредување на купен стан во Адора Flatiron од дипломираниот архитект Ирена Граорковска, која своите креативни идеи ги развива и реализира во праксата во оваа овој градежен бренд, во рамките на програмата за поддршка на младите талентирани луѓе од различни професии.

Адора инженеринг традиционално и годинава ќе се претстави на оригинално дизајниран штанд на Саемот за градежништво и Realexpo 2018, кој ќе се одржи во монтажните хали на паркингот кај Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје од 24 до 28 октомври и ќе биде отворен за посетителите од 10 до 18 часот.

Градежната компанија што 16 години е предводник во високоградбата во Македонија и лидер во примена на иновациите и современите светски стандарди за висок квалитет и стил во домувањето, има постојана грижа, изненадувања и награди за своите купувачи, за возврат на нивата доверба.