Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, стои во информацијата објавена на Македонска берза.
Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.