Advocator – сервис за брзо решавање на правни проблеми преку Интернет

34

advokator

Во Хрватска започна со работа www.advocator.hr, бесплатен сервис којшто овозможува брзо решавање на правни проблеми преку Интернет, поврзувајќи ги корисниците со базата на регистрирани адвокати, пишува Пословни дневник.

Овој сервис корисникот може да го користи така што може анонимно да го опише својот правен проблем. Тоа автоматски се проследува до регистрираните адвокати кои на корисникот можат да му дадат основни податоци за цените, времето и можноста за решавање на правниот проблем. По примениот одговор, корисникот ги има на располагање сите потребни информации поврзани со решавање на неговиот проблем, има контакти од адвокатите кои се на располагање и ќе може да ги внесе своите впечатоци од искуството што го имал со одреден адвокат.

Со помош на advocator.hr секој заинтересиран корисник однапред ќе знае колку изнесува одредена адвокатска услуга и може побрзо да пронајде адвокат кој би сакал да го преземе решавањето на правниот проблем.

Овој сервис ќе им помогне и на адвокатите специјализирани за одредена област полесно и побрзо да дојдат до клиенти кои имаат потреба од нивните услуги.